Делегации



Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Организацијата за Безбедност И Соработка во Европа

 

Делегацијата во Парламентарното собрание на Организацијата на безбедност и соработка во Европа се состои од шеф на Делегацијата и двајца члена


Шеф на делегација: ЃОРЃИ ТРЕНДАФИЛОВ    
 
                      Членови: БЛАГОЈ ГОЛОМЕОВ 
                                        ХУСЕИНИ ХУСЕИНЏЕВАТ 

Парламенарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС на ОБСЕ) е формирано во 1991 година, по предлогот за негово формирање со Париската повелба за Нова Европа од 1990 година. Основна задача на Парламентарното Собрание е да го олеснува меѓупарламентарниот дијалог меѓу земјите членки на ОБСЕ и да ја вреднува имплементацијата на целите на ОБСЕ. Во рамките на Парламентарното собрание функционираат три Генерални комитети: Комитетот за демократија, човекови права, хуманитарни прашања; Комитетот за економски работи, технологија и животна средина, како и Комитетот за политички работи и безбедност. Членовите на Делагацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на ОБСЕ редовно учестуваат во работата на сесиите на Парламентарното собрание, на Постојаниот комитет, како и на другите состаноци организирани од ПС на ОБСЕ.
 

Click