Делегации



Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива

Делегацијата во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива се состои од шеф и двајца члена.

Шеф на делегација: ПЕТАР ПОП-АРСОВ    
 
                      Членови: НАДА СТАНЧЕВСКА  
                                        НИКОЛА ПОПОВСКИ  

  Заменици членовиВАСКО ШУТАРОВ  
                                        ЕЛМАЗЕ СЕЛМАНИ  
                                        ТАЛЕ ГЕРАМИТЧИОСКИ  

Централноевропската иницијатива е регионална организација во која членуваат 17 земји членки: Англија, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешката Република, Унгарија, Италија, Македонија, Молдавија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Украина и Србија и Црна Гора. Иницијативата е основана во 1989 година, под името Квадрагонала, од страна на четири земји: Италија, Унгарија, Австрија и СФР Југославија. Во 1990 година кон иницијативата се приклучува Чехословачка, со што таа станува Пентагонала.

Следи Полска во 1991 година и групата прераснува во Хексагонала, а во 1992 година членки стануваат Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, по што иницијативата го менува името во Централноевропска иницијатива. Република Македонија е член на ЦЕИ од 1993 година. Централноевропската иницијатива се стреми кон: зацврстување на соработката меѓу земјите членки, забрзување на процесот на европската интеграција преку поддршка на најнеразвиените членки и оние на кои им е најпотребен забрзан економски развој, зацврстување на економските, социјалните, правните и другите аспекти на процесите на транзиција и сл.

Парламентарната димензија на ЦЕИ ја сочинуваат Парламентарното собрание, Парламентарниот комитет и ад хок комитетите на Парламентарното собрание. Двајца членови на парламентот од секоја земја членка учествуваат во работата на Парламентарниот комитет, кој се одржува напролет, а на Парламентарното собрание, кое се состанува во текот на есента, учествуваат делегации составени од три до седум члена. Делегацијата на Собранието на Република Македонија се состои од три члена.

Click