Годишен Архиепископски црковно-народен собир на МПЦ...



4.10.2008

Годишен Архиепископски црковен-народен собор на МПЦ

За Македонија како земја христијанска пишува и во Библијата. Овде на нашиве простори минувал и проповедал и свети Павле. Од овие простори се и светите браќа рамноапостолите Кирил и Методиј кои ја донесоа писменоста на многу словенски народи, а со тоа и божјата реч стана достапна и разбирлива.

Прочитај повеќе

Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски...



21.06.2008

ГОВОР на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на конститутивната седница на 6-тиот парламентарен состав

Почитувани претставници на државниот врв, почитувани претставници на средствата за јавно информирање, ваши екселенции, драги колеги пратеници, дами и господа.

Во историјата на народите и државите секогаш имало мигови на слава и напредок, кои на долг рок ја одредувале судбината на заедницата, која силно верувала во идеите на колективниот прогрес, реформите и преродбата кон подобро.

Прочитај повеќе

Свечено стапување на должност на ново избраниот ректор проф...



29.09.2008

говор на претседателот по повод Свеченото стапување на должност на ново избраниот ректор професор д-р Велимир Стојковски

Во денешниот современ свет постои општ консензус дека знаењето е темелна движечка сила во човековото општество и главен предуслов за успешноста.

Прочитај повеќе

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Тра...



21.11.2008

ГОВОР На претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, по повод 22 ноември - Денот на албанската азбука

Permbi za, qe leshon bilbili,
gjuha shqipe mshungulon
Permbi ere, qi nep zimbili
Pa da zemren ma ngushllon

Прочитај повеќе

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Тра...



25.12.2008 год.

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски по повод 100-годишнината на синдикалното движење во Македонија

Верувам деке сите ги препознавте стиховите на големиот македонски поет Коста Солев Рацин, деновиве одбележавме 100 години од неговото раѓање, кое случајно, или не, се совпаѓа со вашиот јубилеј 100 години на синдикалното движење во Македонија. Рацин го спомнав не само за ова, туку затоа што во своето творештво многу добро ја опишал положбата на македонскиот работник. А токму синдикатите во својата историја па до денес се онаа вистинска работничка организација преку која се артикулираат и штитат работничките права, или како што денес велиме правата на вработените.

Прочитај повеќе

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Тра...



18.07.2008

ГОВОР на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на Средбата на децата бегалци од Егејска Македонија

Во историјата на македонскиот народ има повеќе голготи. Во нашата понова историја, поточно пред 60 години, како последица на Граѓанската војна во соседна Грција, таква голгота доживеаја над 80.000 наши браќа и сестри од Егејскиот дел на Македонија. Меѓу нив имаше 28 илјади деца на возраст од 2 до 14 години кои беа оттргнати од прегратките на нивните родители и префрлени во повеќе источно-европски држави. Денес повеќето од нив живеат овде со нас во нашата татковина Република Македонија, но не е мал бројот на оние кои живеат во САД, Канада, Австралија и други држави.

Прочитај повеќе

Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски на трибина...



15.09.2008

Обраќање на Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски на трибината посветена на Универзалната декларација за демократија на Интерпарламентарната унија донесена во септември 1997 година

Почитувани колеги пратеници, екселенции, дами и господа,

Демократијата е универзално прифатен идеал и цел, кој се базира на заеднички вредности меѓу луѓето ширум светската заедница без оглед на културните, политичките, социјалните и економските разлики. Според ова, таа е основно човеково право применливо во услови на слобода, еднаквост, транспарентност и одговорност, со должна почит кон мноштвото гледишта и во интерес на државното уредување.

Прочитај повеќе

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Тра...



02.08.2008

ГОВОР На претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски во Крушево по повод празникот Илинден

Почитувани граѓани на Република Македонија, Илинденски потомци, Почитуван претседател на Република македонија, г-н Бранко Црвенковски Ваши екселенции, Преставници на Македонската Православна Црква и на другите верски заедници во Република Македонија Драги гости, почитувани Крушевчани

Прочитај повеќе

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Тра...



18.11.2008

ГОВОР На претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, по повод 18 ноември, денот на раѓањето на Крсте Петков Мисирков

Во историјата на македонскиот народ, во неговата вековна борба за слобода, за своја држава и за зачувување на својот национален и културен идентитет имаме цела плејада на великани кои со своето дејствување, ги создале темелите на македонската државотворност, и кои засекогаш ќе останат во она што се именува како колективна, но и индивидуална свест за својот, македонски, национален идентитет.

Прочитај повеќе

Претседателот на Собранието по повод прославата на 8ми септ...



09.09.2008

ОБРАЌАЊЕ на претседателот на Собранието по повод прославата на 8ми септември, Денот на независноста на Република Македонија

Осми септември 1991 година, заедно со двата Илиндена, претставуваат три датуми во историјата на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија кои се тесно поврзани со вековните стремежи, борби и сонувања за самостојна држава.

Прочитај повеќе
1  
Click