2009

    ПСРМ упати писмо до земјите-членки на ЕУ за поддршка...

    

    Недела, 15 ноември 2009 година

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, упати писмо до земјите-членки на ЕУ за поддршка во добивањето датум за почеток на преговори за членство во Унијата

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, упати писмо до земјите-членки на Европската унија, во кое бара поддршка од неговите колеги за донесување одлука на Европскиот совет во декември за одредување датум за почеток на пристапни преговори.
    Во содржината на писмата испратени до своите хомолози, претседателот Вељаноски истакнува:
    „Во рамките на процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ, ја користам оваа прилика, во светлина на претстојниот Европски совет во декември 2009 година, да побарам поддршка од сите земји-членки на Европската унија за прашање од исклучителна важност за мојата земја – почетокот на преговорите за членство во Европската унија.

    Прочитај повеќе

    Средба на ПСРМ со Косор...

    

    Вторник, 10 ноември 2009 година

    Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска ја прими претседателката на Владата на Република Хрватска Јадранка Косор

    На средбата која двете страни ја оценија како континуитет на високоразвиените пријателски односи меѓу Република Македонија и  Република Хрватска, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски истакна дека двете држави имаат заедничка стратешка цел, а тоа е интеграцијата во ЕУ. Ме радува што Хрватска и Словенија постигнаа договор околу отворените прашања со што Хрватска ги продолжува преговорите со ЕУ. Во исто време се надевам дека и Република Македонија по препораката од Европската комисија за добивање на датум наскоро ќе ги почне преговорите. Во овие изминати дваесет години од паѓањето на Берлинскиот ѕид, едно е сигурно, враќање на старото нема, а евроинтеграцијата е неминовен процес кој не може никој да го запре, истакна Вељаноски.

    Прочитај повеќе

    Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Вашин...

    

    Сабота, 7 ноември 2009 година

    делегацијата НА Собранието на Република Македонија во Вашингтон остварИ средби со раководството на НДИ, членови на Конгресот на САД, претставници на македонската дијаспора, како и со претставник на Стејт Департментот задолжен за европски прашања

    Свесни сме за тоа колкави успеси постигна македонскиот парламент во изминатиот период, што придонесе Македонија да се споменува како модел за парламентарен развој, истакна претседателот на НДИ на средбата со претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко  Вељаноски и потпретседателот, г. Јани Макрадули. Од присутните беше изкажано заемно задоволство од досегашната соработка, како и волја истата да продолжи.

    Прочитај повеќе

    ПСРМ - Меркел и Пелоси...

    

    Среда, 4 ноември 2009 година

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, присуствуваше на обраќањето на германскиот канцелар Меркел во Конгресот на САД и се сретна со спикерот на Претставничкиот дом Пелоси

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски имаше ретка можност да го проследи обраќањето на германскиот канцелар, г-ѓа Ангела Меркел во Конгресот на САД.

    Прочитај повеќе

    Трајко Вељаноски ќе го посети Јохан Тарчуловски во притворн...

    

    Сабота, 7 ноември 2009 година

    Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски ќе го посети Јохан Тарчуловски во притворната единица во Шевенинген

    Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски на враќање од посетата на САД, на 8 ноември 2009 година ќе го посети Јохан Тарчуловски во Притворната единица на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Холандија.

    Прочитај повеќе

    Делегацијата од Собранието на Република Македонија во Вашин...

    

    Четврток, 5 ноември 2009 година

    Делегација на Собранието на Република Македонија во Вашингтон оствари средба со сенаторот Џорџ Воинович и работен ручек со конгресмените Марк Саудер, Хери Мичел и Роберт Адерхолд

    На средбата делегацијата на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, а во чиј состав е и потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули,  со сенаторот г. Џорџ Воинович беше поздравен напредокот на Република Македонија, како и нејзината истрајност на патот на евроатлантските интеграции

    Прочитај повеќе

    ПСРМ оствари средба со конгресменот Дејвид Прајс, како и со...

    

    Вторник, 3 ноември 2009 година

    Делегација од Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот Трајко Вељаноски оствари средба со конгресменот Дејвид Прајс, како и со претседателот на Меѓународниот Демократски Институт (ИРИ) и директорот на регионалната програма за Европа

    Соработката со Република Македонија е една од подобрите кои сме ги имале, рече конгресменот Дејвид Прајс на вчерашната средба со делегацијата од Собранието на Република Македонија, во чиј состав се претседателот на Собранието Вељаноски и потпретседателот Макрадули. Она што ме радува е константната поддршка што евро-атлантското интегрирање ја ужива од сите граѓани на Република Македонија, но и од сите политички субјекти. Така беше во 2006 година, кога прв пат дојдов во Македонија, истото го забележав минатата година при посетата на вашата држава, а и од денешната средба можам да го потврдам истото

    Прочитај повеќе

    ПСРМ го прими Зоран Талер европратеник и известител за РМ...

    

    Четврток, 29 октомври 2009 година

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски денеска го прими Зоран Талер европратеник и известител за Република Македонија во Европскиот парламент

    На средбата претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, уште еднаш ги истакна позитивните резултати на Република Македонија и нејзините институции во остварувањето на евроатлантските интеграции. Визната либерализација за нашите граѓани, како и Извештајот на Европската комисија и препораката за добивање датум за отпочнување на преговорите секако ги потврдува нашите резултати, нашата посветеност за членство во Европската унија.

    Прочитај повеќе

    Претседателот Вељаноски оствари средба со г-ѓа Тереса Местр...

    

    Понеделник, 19 октомври 2009 година, Женева

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. трајко вељаноски оствари средба со потпретседателот на Претставничкиот дом на парламентот на Шпанија, г-ѓа Тереса Кунилера Местрес

    На маргините на 121 Собрание на Интерпарламентарната унија, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски оствари средба со потпретседателот на Претставничкиот дом на параламентот на Шпанија, г-ѓа Тереса Кунилера Местрес

    Прочитај повеќе

    ПСРМ оствари средби со претседателот на Парламентот на Репу...

    

    Среда, 21 октомври 2009, Женева

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски оствари средби со претседателот на Парламентот на Република Бугарија, г-ѓа Цецка Цачева и аргентинската делегација во ИПУ

    Во рамките на 121. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 19 до 21 октомври во Женева, претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, оствари билатерална средба со претседателот на Парламентот на Република Бугарија, г-ѓа Цецка Цачева

    Прочитај повеќе
    123...7        
    Click