Собраниско раководство



Понеделник, 6 декември 2010 година

Големата македонска заедница во Австралија - значајна за пријателските односи меѓу Македонија и Австралија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Австралија во Република Македонија, со седиште во Белград, Н.Е. д-р Хелена Стадерт.

На срдечната протоколарна средба, од двете страни беа потенцирани пријателските односи меѓу двете држави. Посебно значeње на пријателските односи им дава постоењето на голема македонска заедница во Австралија.

Од страна на претседателот на Собранието, г. Вељаноски, беа потенцирани интензивните билатерални посети на сите нивоа како заложба на Република Македонија за понатамошно продлабочување на вкупните односи.

На средбата стана збор за стапувањето во сила на ратификуваната Спогодба за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Австралија.

Во духот на понатамашно унапредување на вкупните односи од двете страни, беше изразена заложбата за зголемување на меѓусебната трговска размена и инвестициите.

На средбата се искажа задоволство од минатогодишната посета на Република Македонија на спикерот на австралискиот парламент, г. Хари Џанкинс, во пресрет и на возвратната посета на претседателот на Собранието, г. Вељаноски, на Австралија, во текот на наредната година и вкупното унапредување на парламентарна соработка. На средбата стана збор и за прашања поврзани со визниот режим.

Click