2010

    Вељаноски и собраниската делегација остварија средба со сво...

    

    Вторник, 2 ноември 2010 година

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и собраниска делегација остварија прва средба со своите канадски колеги

    На средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, посочи дека без оглед што Република Македонија е мала држава, нејзината местоположба, заедно со мерките кои Владата ги има преземено, ја прават особено атрактивна за инвестирање. Претседателот ги запозна своите колеги дека државните институции се насочени кон создавање на поволна деловна клима, поттикнување на конкурентноста, на меѓународно-трговската соработка и инвестициона промоција.

    Прочитај повеќе

    Вељаноски во официјална посета на Канада...

    

    Понеделник, 1 ноември 2010 година

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во официјална посета на Канада

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, од денеска е во официјална посета на Канада, на покана на канадскиот колега, претседателот на Претставничкиот дом на парламентот на Канада, г. Питер Миликен.

    Претседателот Вељаноски го придружува собраниска делегација, во состав: г. Андреј Петров, претседател на парламентарната група за соработка на Собранието на Република Македонија со Парламентот на Канада и членовите на групата: г. Александар Николоски и г. Сафет Незири.

    За време на првата официјалната постета на Канада, во Отава, претседателот, покрај со домаќинот претседател на Претставничкиот дом на парламентот на Канада, г. Питер Миликен, ќе оствари средби и со претседателот на Сенатот на Канада, г. Ноел Кинсела, со министерот за надворешна трговија, г. Питер ван Лоун, со пратеници од Претставнчкиот дом, со претседатели и членови на повеќе комисии на Парламентот на Канада, како и со Канадско-европската асоцијација за ОБСЕ и канадската група за Интерпарламентарната унија. Претседателот Вељаноски и собраниската делегација добија покана да присуствуваат на седница на Претставничкиот дом и на седница на Сенатот на Канада.

    Во рамките на посетата на Канада, претседателот на Собранието во Торонто ќе ги посети најголемите црковни општини, каде ќе се сретне со заедницата на македонските иселеници во Канада, а ќе оствари средби и со претседателот на Собранието на покраината Онтарио, г. Стив Питерс, и со други значајни претставници на покраината и градовите во кои живее голем број македонско население.

     

    Прочитај повеќе

    Средба на Вељаноски - Ѓукановиќ...

    

    Петок, 22 октомври 2010 година

    Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, го прими претседателот на Владата на Црна Гора, г. Мило Ѓукановиќ

    На средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, потсетувајќи на традиционално пријателските односи меѓу двете држави, истакна дека Република Македонија и Република Црна Гора споделуваат заеднички вредности и цели, а тоа се евроатлантските интеграции. Ова не само што придонесува во натамошно продлабочување на билатералните односи, туку дава и голем придонес во стабилноста на регионот и неговата евроатлантска интеграција, истакна претседателот Вељановски.

    Прочитај повеќе

    Средба на ПСРМ со новоименуван амбасадор на Кралството Швед...

    

    Вторник, 19 октомври 2010 година

    Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шведска во Република Македонија, Н.Е. Ларс Вахлунд

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Шведска во Република Македонија, Н.Е. Ларс Вахлунд. На средбата, претседателот Вељаноски ја нагласи досегашната поддршка кон нашите евроатлански интеграции од страна на Шведска, како земја вистински пријател на Република Македонија и особено го истакна успешното шведско претседавање со ЕУ минатата година и искажаната подготвеност од нивна страна да не поддржат во добивањето на датум за отпочнување на преговорите со ЕУ

    Прочитај повеќе

    Вељаноски на средба со претседателот г. Мехмет Али Шахин...

    

    Вторник, 28 септември 2010 година

    Делегација од Собранието на Република Македонија предводена од претседателот, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со претседателот на Големото народно собрание на Турција, г. Мехмет Али Шахин

    Претседателот Вељаноски, искажувајќи благодарност за досега добиената поддршка од Република Турција, потенцираше дека односите меѓу двете држави се повеќе од пријателски и имаат значајна улога во целокупната стабилност во регионот и пошироко. Тој изрази убеденост дека без оглед на проблемите кои ја забавуваат интеграцијата, истите ќе се надминат и двете држави ќе станат дел од Европската унија.

    Прочитај повеќе

    Средба Вељаноски со патријарх Вартоломеј и г.Абдулах Ѓул...

    

    Понеделник, 27 септември 2010 година, Истанбул

    Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски со Вселенскиот патријарх Вартоломеј и со претседателот на Република Турција, г. Абдулах Ѓул

    На средбата во Цариградската патријаршија претседателот Вељаноски го изрази своето задоволство што токму денеска, на Крстовден се сретнува со патријархот Вартоломеј и изрази благодарност и почит кон пасторалниот и духовен придонес кој го дава во целата православна екумена, на која ѝ припаѓа и македонскиот народ и Македонската православна црква - Охридска архиепископија.

    Прочитај повеќе

    Вељаноски во дводневна официјална посета на Република Турци...

    

    Понеделник, 27 септември 2010 година

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во дводневна официјална посета на Република Турција

    Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, од денеска е во дводневна официјална посета на Република Турција. Во рамките на посетата, претседателот Вељаноски денеска во Истанбул ќе оствари средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, како и со претседателот на Република Турција, г. Абдулах Ѓул.

    Прочитај повеќе

    Средба на Вељаноски, со Н.Е. Гурол Сокмен Суер...

    

    Среда, 1 септември 2010 година

    Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со Н.Е. Гурол Сокмен Суер, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Турција во Република Македонија

    На средбата, претседателот Вељаноски ја нагласи досегашната успешна соработка со претходниот амбасадор на Република Турција и изрази надеж дека и со новиот амбасадор ќе продолжи овој континуитет, како и воопшто севкупната пријателска соработка меѓу двете земји која е на високо ниво во изминатиот период.

    Прочитај повеќе

    Положување свежо цвеќе на споменикот на Мајка Тереза...

    

    Четврток, 26 август 2010 година

    Положување свежо цвеќе на споменикот на Мајка Тереза

    По повод одбележување на 100 години од раѓањето на Мајка Тереза-Гонџа Бојаџиу, делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Мајка Тереза. Во состав на делегацијата беа и потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Аљити и пратеникот г. Васко Шутаров.

    Прочитај повеќе

    Претседателот Трајко Вељаноски ќе положи венец свежо цвеќе...

    

    Петок, 30 јули 2010 година

    Претседателот г. Трајко Вељаноски ќе положи венец свежо цвеќе

    Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија и членовите г. Јани Макрадули, потпретседател на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Наташа Јаневска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и г-ѓа Зумрете Јакупи, пратеник од ДУИ, по повод 2 Август - Ден на Републиката, во понеделник во 10,00 часот, на плоштад „Македонија“, ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов Ченто, прв претседател на Президиумот на АСНОМ.

    Прочитај повеќе
    123...6       
    Click