Pratenichki sostav
 
Пратенички состав


Четврток, 23 декември 2010 година

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, по повод одбележувањето на илјада и сто години од упокојувањето на Свети Наум Чудотворецот

Денешната свечена седница на Собранието на Република Македонија на своевиден начин го заокружува одбележувањето на илјада и сто години од упокојувањето на Свети Наум Чудотворецот, кој заедно со Свети Климент Охридски се најблиските ученици и следбеници на светите браќа Кирил и Методиј. Одбележување кое беше проследено со најразлични научни собири и културни манифестации во кои провејуваа, пред сè, животот и делата на Свети Наум Чудотворецот. Во сите овие манифестации, покрај Македонската православна црква - Охридска архиепископија, потоа Македонската академија на науките и Уметностите, активно беше вклучена и државата, односно најразлични државни институции.

повеќе...



Четврток, 11 ноември 2010 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод дваесет години од првите парламентарни избори

Првите парламентарни избори, одржани пред дваесет години, според мене, претставуваат, заедно со Референдумот на 8 септември, заокружување на вековната идеја и стремежот на македонскиот народ и на сите граѓани на Република Македонија за самостојна независна држава, која ќе се темели врз принципите на парламентарната демократија, човековите права и слободи, владеењето на правото, почитувањето на приватната сопственост и на пазарните законитости

повеќе...



Среда, 10 ноември 2010 година

Изјава по повод Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2010 година

Како што е веќе традиција, денеска, Неговата Eкселенција Ерван Фуере, aмбасадор на Европската унија кај нас и официјално ми го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во процесот на интегрирање во Европската унија. Годинешниов Извештај на Европската комисија, како и досегашните, е пред сè објективен и тоа многу јасно ги истакнува сите оние позитивни промени кои сме ги направиле, како и објективно упатува на оние прашања и полиња на кои ќе треба во иднина да посветиме многу повеќе внимание

повеќе...



Понеделник, 8 ноември 2010 година, Торонто

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ НА СРЕДБА СО МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ ВО КАНАДА

За мене и членовите на делегацијата на Собранието на Република Македонија навистина е големо задоволство што сме денес овде со вас во овој божји храм посветен на патронот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија Свети Климент Охридски. Овој храм, кој е изграден во далечната 1965 година, уште еднаш потврдува дека македонскиот народ е богољубив, со длабок вековен национален, културен и јазичен идентитет. Идентитет кој знае да го зачува, да го развива и да го пренесува на своите поколенија

повеќе...



Вторник, 19 октомври 2010 година

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ НА 75. РОС-РОТ СЕМИНАР

Дами и господа,
За спорот со Грција, нема да зборувам, бидејќи на сите добро ни е познат. Тоа што сакам да го истакнам е дека и по Букурешт, Република Македонија од многу интензивно, преку, би рекол, прагматични форми, ја развива соработката со НАТО. Исто така, Република Македонија останува во процесот на преговорите кои се водат под покровителство на Обединетите нации за изнаоѓање на компромисно решение за наметнатиот спор. Сакам да потсетам дека токму Собранието на Република Македонија има донесено неколку документи кои ја обврзуваат Владата да ги продолжи преговорите, но во исто време јасно е дефинирано дека компромисното решение не може да задира во националниот, јазичниот и културниот идентитет на македонскиот народ, за што постои целосен политички консензус меѓу парламентарните партии, без разлика дали станува збор за владејачкото мнозинство или опозицијата и без оглед на етничката припадност. Во исто време, според последните истражувања на јавното мислење, над 82 проценти од граѓаните го поддржуваат членството на Република Македонија во НАТО. Сето ова јасно покажува дека во Република Македонија сите политички субјекти, како и цивилното општество, иднината на државата, како и на целиот регион ја гледаат во евроатлантските интеграции. 

повеќе...



Понеделник, 4 октомври 2010 година

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на меѓународен симпозиум по повод одбележувањето на илјада и стогодишнината од упокојувањето на Свети Наум Чудотворецот

Годинава кога во Република Македонија, преку најразлични манифестации и научни собири, се одбележува илјада и стогодишнината од упокојувањето на Свети Наум Чудотворецот, особено радува фактот што во одбележувањето се вклучени најразлични државни, високообразовни и научни институции, понатаму Македонската православна црква и други субјекти, што покажува дека, како држава, како народ, како граѓани, знаеме да го почитуваме, да го чуваме и надградуваме нашето историско и културно наследство

повеќе...



Понеделник, 20 септември 2010 година

Воведно обраќање на претседателот Вељаноски на МЕЃУДРЖАВНА КОНСУЛТАТИВНА СРЕДБА ЗА УЛОГАТА НА ПАРЛАМЕНТИТЕ ВО ПРОМОЦИЈАТА И МОНИТОРИНГОТ НА ДЕТСКИТЕ ПРАВА

Почестен сум што Собранието на Република Македонија е домаќин на оваа значајна средба, на која ќе се зборува за улогата на парламентите и заштитата на детските права. Ова е прв настан, од серијата настани кои ќе следат, на кои Собранието на Република Македонија ќе демонстрира посебна заложба за промоција и заштита на правата на децата во нашата земја.

повеќе...



Понеделник, 20 септември 2010

Поздравно обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на Седницата на Комисијата за миграции, бегалци и население на ПС на СЕ

Собранието на Република Македонија ѝ посветува особено значење на можноста за прв пат да претседава со најстарата паневропска организација и да даде свој придонес во остварувањето на заедничките европски цели и вредности. Од добивањето на статусот полноправна членка во 1995 година, Република Македонија активно учествува во работењето на сите институции кои се во рамките на Советот на Европа, но истовремено и одговорно ги остварува своите обврски кои потекнуваат од самото членство.

повеќе...



Понеделник, 13 септември 2010 година, Охрид

Обраќање на претседателот Вељаноски на конференција за е-Демократија

Живееме во столетие во кое прoцесите на глобализација незадржливо се одвиваат и ги опфаќаат сите сфери од нашето секојдневно живеење од политиката, економијата, културата, спортот, забавата и рекреацијата, па сè до онаа секојдневна обичнa, лична комуникација. Односно, станува збор за процеси во кои е вклучен и човекот како поединец и државните институции, економските субјекти и, секако, меѓународните организации. Основна алатка во овие процеси на глобализација се новите технологии на комуникација, а пред сè интернетот. Зарем не е зачудувачки кога седите дома и комуницирате преку интернет со своите пријатели или роднини кои живеат на другата страна од светот. Зарем не е придобивка кога доаѓате во канцеларија и на мониторот имате информации за сите можни случувања и настани или, пак, гледате дека цената на вашиот производ расте или паѓа на светскиот пазар и имате можност во истиот момент да реагирате соодветно

повеќе...



Среда, 8 септември 2010 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Свечена академија по повод 8 септември - Ден на независноста на Република Македонија

Денес кога одбележуваме 19 година од овој историски настан сакам уште еднаш да изразам благодарност и восхит до граѓаните на Република Македонија кои во едно турбулентно време на распаѓање на некогашната СФРЈ излегоа на референдум и со огромно мнозинство ја потврдија идејата, стремежите и определбите на сите оние претходни генерации втемелени во двата Илиндена, а тоа е самостојна и независна Република Македонија како држава на македонскиот народ и на сите нејзини граѓани.

повеќе...