Делегации

Делегација на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Франкофонијата (ПСФ)

Меѓународната организација на Франкофонијата е меѓувладина организација формирана на 20 март 1970 година, од 21 држави и влади, под името Агенција за културна и техничка соработка (Агенце де цоопeратион цултурелле ет тецхниљуе - АЦЦТ), а во 1998 година таа се преименува во Меѓународна организација на Франкофонијата (Организатион интернатионале де ла Францопхоние-ОИФ). Во оваа организација со седиште во Париз, денес членуваат 56 држави и влади и 14 земји наблудувачи.

Основните цели на меѓународната организација на Франкофонијата се: промовирање на францускиот јазик и јазичната и културната различност, промовирање на мирот, демократијата и човековите права, подршка на образованието, обуката, високото образование и истражувањето, развој на соработката во служба на одржливиот развој и солидарноста.
Парламентарното собрание на Франкофонијата е претставничко собрание на Франкофонијата и нејзино консултативно собрание.Тоа е формирано во мај 1967 година на Конститутивното собрание во Луксембург, под името “Меѓународна асоцијација на парламентарци кои го говорат францускиот јазик” (АИПЛФ). Во јули 1989 година, АИПЛФ се преименува во “Меѓународно собрание на парламентарци кои го говорат францускиот јазик”, а во јули 1998 година во Парламентарно собрание на Франкофонијата (Ассемблeе парлементаире де ла Францопхоние -АПФ).

Парламентарното собрание на Франкофонијата претставува место на дебати, предлози и размена на мислења за сите прашања од интерес на неговите членки. Во тесна соработка со Меѓународната агенција на Франкофонијата Собранието презема акции на полето на интерпарламентарната соработка и развојот на демократијата, кои имаат за цел да ја зацврстуваат солидарноста помеѓу парламентарните институции и да ја промовираат демократијата и владеењето на правото, особено во франкофонските заедници. Парламентарното собрание на Франкофонијата дава значителен придонес во дебатите за теми, како што се: слободата и политичките права, парламентите и комуникацијата, франкофонскиот економски простор, образованието, пречките за дифузија на знаењата во франкофонските земји, местото на францускиот јазик во меѓународните организации и сл.

Во рамките на парламентарната димензија на Парламентарното Собрание на Франкфонијата се формирани и следните органи: Мрежа на жени парламентарки, Парламентарна мрежа за борба против ХИВ/СИДА, Парламент на млади франкофони и др. Во Парламентарното собрание на Франкофонијата членуваат 77 парламенти, парламентарни собранија или совети на земји, покраини, региони и меѓународни организации. Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата, како и Бирото на Секцијата и делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парла-ментарното собрание на Франкофонијата се основани во јануари 2001 година.


Шеф на делегацијата:
ЃОРЃИ КОЏАБАШИЕВ

              Членови: ЏЕВАТ АДЕМИ
                                    СИЛАНА БОНЕВА
                                        ГОРДАН ГЕОРГИЕВ

Click