Соопштенија
Сабота, 26 ноември 2011 година
 
Положување венец свежо цвеќе 

По повод 110 години од раѓањето на Емануел Мане Чучков, потпретседател на Президиумот на АСНОМ, делегација на Собранието на Република Македонија, на 27 ноември 2011 година (недела), во 11.00 часот ќе положи венец свежо цвеќе на неговиот гроб во Алејата на великаните на градските гробишта Бутел.

Собраниската делегација ќе ја сочинуваат г. Владимир Ѓорчев, г. Веле Ѓеоргиевски и г. Благоја Стојановски.