Собраниско раководство

Четврток, 20 септември 2012 година

Претседателот Вељаноски на Конференција на претседатели на парламенти во Стразбур 

Претседателите на парламентите на 47 земји-членки на Советот на Европа, државите набљудувачи и соседи, како и претседателите на меѓупарламентарните собранија, се состануваат на 20 и 21 септември во Стразбур. Делегацијата на Собранието на Република Македонија ќе ја предводи претседателот на законодавниот дом, г. Трајко Вељаноски.

На дводневниот самит се очекуваат околу 350 највисоки претставници на парламентарната демократија во Европа, кои на покана на Парламентарното собрание на Советот на Европа се повикани да дебатираат за три актуелни теми.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, ќе има свое обраќање на две теми - „Иднината на Европскиот суд за човекови права: улогата на националните парламенти“ и „Дали репрезентативната демократија е во криза? Предизвик за националните парламенти“.

Првата Европска конференција на претседателите на парламентите се одржа во 1975 година. Конференцијата се одржува секои две години, алтернативно во Стразбур и во една земја-членка на Советот на Европа.

 
Click