Собраниско раководство



Четврток, 1 ноември 2012 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ИЗВЕСТИТЕЛОТ НА МОНИТОРИНГ КОМИСИЈАТА НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г. РОБЕРТ ВАЛТЕР

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изразувајќи задоволство за средбата, истакна дека испoлнувањето на обврските и заложбите кон Советот на Европа се од суштинско значење за создавањето на демократско општество, а препораките на Советот на Европа за Република Македонија секогаш претставуваат израз на поддршка за демократски развој, и на нив Република Македонија посветува големо внимание.

На средбата стана збор и за функционирањето на Парламентот, претседателот Вељаноски истакна дека во Извештајот се нотира конструктивна атмосфера во Парламентот со што континуирано се поддржува процесот на пристапување кон Европската унија. Соговорникот, г. Валтер, во оваа насока ги истакна позитивните постигнувања на Собранието со што му донесоа позитивна оценка во Извештајот за напредокот на Република Македонија.

Известителот, г. Валтер, исто така, изрази интерес за неколку прашања, меѓу кои за досегашното спроведување на Охридскиот рамковен договор, за ситуацијата во медиумите и прашања поврзани со тековното парламентарно работење.

Двата соговорника изразија задоволство од средбата, надеж дека добрата соработка ќе продолжи, како и верување дека Република Македонија во блиска иднина ќе го финализира пост-мониторинг дијалогот со Парламентарното собрание на Советот на Европа.

 

Click