Pratenichki sostav
 
Пратенички состав


Петок, 30 ноември 2012 година

Oбраќање на претседателот Вељаноски на Конференција „Улогата на политичките партии во изборниот процес“ во организација на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија

Ниедна модерна демократија не може да се откаже од функционирањето на политичките партии. Ова демократско сидро важи и ќе важи и покрај распространетата наклонетост против политичкото, против партиските караници и против партиско-политичките дејствувања. Тој што сака да се најде над партиите и да каже дека се води само и единствено од „државно-политичките потреби“, тој по правило се лаже и себе си и другите. Таквите, обично своето гледише за политиката го претставуваат како чиста стручност, истовремено обидувајќи се ставовите на другите да ги дискредитираат како „партиска политика“ или „идеолошки

повеќе...



Петок, 16 ноември 2012 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Конференција на МАНУ по повод 16 Ноември - Меѓународниот ден на толеранцијата

Во ова време на интензивни промени, кога се менуваат традиционалните матрици на стариот свет, се случуваат придвижувања кои водат до зацврстување на едни нови парадигми, нови вредносни модели во општеството. Овие нови парадигми ја подразбираат толеранцијата како активен став, кој подразбира почитување на различноста и прифаќање и уважување на разнообразноста во едно општество и во светот во целина.

повеќе...



Понеделник, 12 ноември 2012 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод 10-годишнината од формирањето на Државната комисија за спречување на корупцијата

Корупцијата како општествено зло е стара колку и човековата цивилизација, била присутна и сè уште е присутна во сите општествени уредувања и во сите држави. Како таква, корупцијата е присутна во сите сфери на општествените активности, односно, како што ја дефинира политикологот Харолд Ласвел - корупцијата е злоупотреба на општиот интерес во лична корист

повеќе...



Понеделник, 15 октомври 2012 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Меѓународната конференција посветена на 15-годишнината на парламентарната димензија на ПСЈИЕ

Од име на Собранието на Република Македонија и од свое име, Ви посакувам добрeдојде, пријатен претстој и успешна и плодна работа. Навистина е големо задоволство да се биде домаќин и организатор на значаен настан, каков што е одбележувањето на годишнината на Првата конференција на претседателите на парламентите на државите-членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, иницирана од Парламентот на Република Грција и одржана во Атина, на денешниот датум пред 15 години

повеќе...



Среда, 10 октомври 2012 година

Обраќање на пpетседателот Вељаноски на свечена академија по повод одбележувањето на државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание

Чествувајќи го денешниот ден, како празник на нашата нација и држава, уште еднаш го исполнуваме аманетот со крв испишан од МАКЕДОНСКИТЕ ПАРТИЗАНИ!
Славејќи ја нивната жртва за каузата за слободна и независна Македонија, уште еднаш потврдуваме дека нашиот народ има сила да чекори кон вечноста!
Нема поголем доказ дека срцето на Македонија чука посилно од кога и да е, кога можеме гордо, во слобода, да се сетиме на заветот на младите борци срочен во синтагмата: „СЛОБОДА ИЛИ СМРТ!“.
Зборови кои упатија недвосмислена порака до сите чии очи беа вперени кон Македонија

повеќе...



Среда, 10 октомври 2012 година

ИЗЈАВА на претседателот Вељаноски ПО ПОВОД ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2012 ГОДИНА

Неспорно е дека и овогодинешниов Извештај, впрочем како и сите досегашни, е реален приказ на постигнатото во изминатиот едногодишен период. Тоа значи одбележување како на позитивните придвижувања кои сме ги направиле, така и на прашањата и на забелешките на кои во иднина ќе треба повеќе да се задржиме и да посветиме повеќе внимание и енергија

повеќе...



Петок, 21 септември 2012 година, Стразбур

Обраќање на претседателот Вељаноски на втората сесија: Дали претставничката демократија е во криза? Предизвиците на националните парламенти

Иако демократијата е еден од досега најоптималните и најсмислените начини на организирање на политичката заедница, тој несомнено е динамичен процес кој има потреба од постојан развој. Демократијата воедно има свои слабости и апсурди кои создаваат можност и простор за појава на одделни дилеми, сомнежи, потхранување на теории на заговор и антидемократски сили и цели, што денес е евидентно во европските држави и во светот

повеќе...



Четврток, 20 септември 2012 година, Стразбур

Обраќање на претседателот Вељаноски на првата сесија: Иднината на Европскиот суд за човекови права: улогата на националните парламенти

Најнапред сакам да се заблагодарам на можноста да учествувам во расправата за иднината на европскиот систем за заштита на човековите права. Од своето настанување, Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи и Европскиот суд до денешните денови се потврдија како исклучително важен меѓународно правен документ и инструмент кој е длабоко вкоренет во правно политичкиот систем на нашите држави.

повеќе...



Петок, 14 септември 2012 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Конференција-дискусија по повод 15 Септември, Меѓународниот ден на демократијата, на тема: „Демократијата и родовата еднаквост"

Политиката на родовата рамноправност и зајакнувањето на жените, претставува едно од фундаменталните начела на демократијата и општествениот поредок.Родовата рамноправност е загарантирана со Уставот како највисок правен акт во државата. Справувањето со постојните родови нееднаквости, подразбира да се работи различно со жените и мажите, бидејќи тие честопати имаат различни потреби и приоритети, се соочуваат со различни пречки, имаат различни аспирации и придонесуваат кон развојот на општеството на различни начини

повеќе...



Петок, 7 септември 2012 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на прием по повод 8 Септември - Денот на независноста

Референдумот на 8 септември 1991 година, кога над 95 проценти од граѓаните се изјаснија за самостојна и независна Македонија, е нашата најголема современа победа. Референдумот ја потврди идејата, стремежите и определбите на сите оние претходни генерации втемелени во двата Илиндена, а тоа е самостојна и независна Република Македонија, како држава на македонскиот народ и на сите нејзини граѓани.

повеќе...