Pratenichki sostav
 
Пратенички состав


Сабота, 6 јули 2013 година, Охрид

Обраќање на претседателот Вељаноски на отвoрањето на 52. издание на Балканскиот фестивал на народни игри и песни

Почитувани пратеници,
Екселенции,
Дами и господа,
Почитувани учесници на фестивалот,
Драги пријатели,

Со големо задоволство сум вечерва присутен на отвoрањето на 52-рото издание на Балканскиот фестивал на народни игри и песни, особено имајќи ги во предвид значењето и континуитетот кои се карактеристика на овој фестивал.

Особено ме радува фактот што интензитетот на реализација и интересот за оваа манифестација се движат по една нагорна линија и од година во година фестивалот добива сé поголемо внимание дома, но и од државите од поширокото опкружување.
Радува и сознанието дека значењето на фолклорот и традицијата во континуитет се препознава и дека токму тие безусловно се чуваат и негуваат.

Македонскиот народ, без оглед на околностите во кои опстојувал во различни временски периоди, секогаш истрајувал во намерата да ги сочува обележјата и вредностите што го карактеризираат како народ. Опстојувал и во намерата да ги пренесе истите од колено на колено со аманет до поколенијата да го сторат истото.