Активности

Понеделник, 4 април 2016 година

Четириесет и петта седница Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 45. седница, како матично работно тело, во скратена постапка, го разгледа Предлогот на законот за дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, поднесен од пратениците: Никола Мицевски, Дајанчо Ефтимов, Соња Талевска, Олга Најденовска, Зоран Ѓорѓиевски, Ѓорѓи Коџабашиев, Ѓоко Камчев, Љупчо Димовски и Марјанчо Колевски.

Претставникот на предлагачот на Предлог-законот, пратеникот Никола Мицевски, ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Панче Орцев, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, без дискусија, го проследи Предлогот на законот за дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија. 

Click