Активности

Четврток, 3 септември 2015 година

Четириесет и трета седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 43. седница, како матично работно тело во второ читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Стево Темелковски, заменик на министерот за животна средина и просторно планирање.  

Претседателот на Комисијата ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.

Комисијата за транспорт, врски и екологија Предлогот на законот без дискусија го проследи на натамошна постапка во Собранието.

Click