Активности

Четврток, 16 април 2015 година

Четириесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет 

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на  Четириесет и втората седница одржана на 16 април 2015 година, како матично работно тело, по скратена постапка, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Управата за јавни приходи;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа.

Воведно образложение по поднесените Предлог-закони даде заменикот на министерот за финансии, г. Ардиан Џеладини.

По Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Управата за јавни приходи, г. Џеладини истакна дека со измените и дополнувањата се врши усогласување на законските одредби од Законот за Управата за јавни приходи со одредби од Законот за административни службеници во делот на пропишувањето на посебните услови за работни места за нивоата од категоријата Г кои се однесуваат на работното искуство. 

Исто така, се вршат измени кои се во насока на тоа даночните службеници да можат да бидат времено унапредени на работно место кое одговара на нивното професионално искуство, знаење и квалификации и доколку ги исполнуваат условите утврдени во актот за систематизација на работни места во Управата за јавни приходи најмногу еднаш во периодот од четири години, за периодот на времено унапредување до три месеци, без да ги исполнува условите за познавање на странски јазик и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење. 

Истовремено, се вршат и измени кои се во насока на продолжување на рокот за исполнување на посебните услови кои се однесуваат на познавање на странски јазик и работа со компјутерски програми.

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Предлогот на законот не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Во претресот учествуваше пратеникот, г-ѓа Владанка Авировиќ. 

Во однос на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа, заменик-министерот за финансии истакна дека причината поради која е поведена иницијатива за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа е усогласување на овој закон со измената на Законот за административни службеници, со која се пролонгира рокот за исполнување на  условите кои се однесуваат на доставување на меѓународно признат сертификат за познавање на странски јазик и потврда за работа со компјутерски програми за канцелариско работење до рок од една година од денот на пристапување на Република Македонија во Европската унија.

Исто така, со измените во член 64 се предлага за царинските службеници да може да бидат времено унапредени до шест месеци на работно место кое одговара на нивното професионално искуство, знаење и квалификации и кои ги исполнуваат условите утврдени во актот за систематизација на работни места во Царинската управа и овој закон, без да ги исполнува условите за познавање на странски јазик и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и тоа најмногу еднаш во период од две години.

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието, на Предлог-законот не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Во претресот учествуваше пратеникот, г-ѓа Лилјана Кузмановска. 

  • Комисијата за финансирање и буџет ги проследи двата Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија. 
Click