Активности

Среда, 28 јануари 2015 година

Четиринаесетта седница на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 14. седница, одржана на 26 јануари 2015 година, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој (второ читање);
  2. Информацијата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во врска со актуелната состојба со поплавите во Република Македонија, образложена од заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На седницата, Комисијата ја разгледа Информацијата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во врска со актуелната состојба со поплавите во Република Македонија образложена од заменик -министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во однос на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, Комисијата водеше претрес по четири амандмани поднесени од овластените предлагачи.

На крајот од расправата, Комисијата изготви Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, во кој сe вградени амандманите усвоени од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Законодавно-правната комисија.

Click