Активности

Четврток, 30 октомври 2014 година

Десетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на  10. Седница, одржана на 28 октомври 2014 година, како матично работно тело, во скратена постапка, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини; 
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони;
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски - зелени зони.

Потребата од донесување на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за индустриски - зелени зони ја образложи заменик-министерот за економија, г. Христијан Делев.

Претседателот на Комисијата за економски прашања, г. Љупчо Димовски, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, поднесен е еден амандман од пратениците: г. Љупчо Димовски, г. Зоран Илиоски, г-ѓа Лилјана Кузмановска, г. Драган Цуклев, г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Стојан Миланов и г. Васил Пишев, кој едногласно беше усвоен.

Во однос на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошко индустриски развојни зони, беа поднесени пет амандмани од пратениците Газменд Алији и Беким Фазлиу, и истите со по еден глас „за“ и седум „против“ не беа усвоени.

Врз основа на членот 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за економски прашања на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски - зелени зони, поднесе седум амандмани, кои едногласно ги усвои.

Комисијата за економски прашања ги проследи сите три Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија. 

Click