Активности

Петок, 24 октомври 2014 година

Десетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на 10. седница, одржана на 22 октомври 2014 година, како матично работно тело во прво читање, ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба;
  2. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта;
  3. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај ;
  4. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај;
  5. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем. 

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше заменикот на министерот за транспорт и врски, г. Ниметула Халими.

Во образложението по Предлог-законите претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Во дискусијата по Предлог-законите учествуваа пратениците: Стојан Миланов, Рамис Мерко, Реџаиљ Исмаили, Ејуп Рустеми, Драган Данев, Лилјана Затуровска и Славе Гошев.

На крајот од расправата, Комисијата едногласно констатираше дека горенаведените Предлог-закони се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Click