Активности

Четврток, 30 јули 2015 година

Дваесет и деветта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 29. седница, како матично работно тело, по скратена постапка, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата;
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната.

Претседавачот на Комисијата, г. Ромео Тренов, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, по горенаведените Предлог-закони не се поднесени амандмани од овластените предлагачи. 

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Ванчо Костадиновски, го изнесе образложението содржано во Предлог-законите.

Комисијата ги проследи трите Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието.

Click