Активности

Вторник, 19 мај 2015 година

Дваесет и трета седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 23. седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:
  1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за Државен инспекторат за земјоделство (второ читање);
  2. Предлогот на законот за дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост (прво читање).
На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и претставниците од Државниот инспекторат за земјоделство: г. Сашо Ракочевиќ и г. Гоце Петровски.

Претседавачот на Комисијата, пратеникот г. Ромео Тренов, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за Државен инспекторат за земјоделство.

Комисијата без дискусија го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието. 

Во однос на Предлогот на законот за дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот. 

Комисијата едногласно оцени дека Предлог-законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.
Click