Активности

Вторник, 3 март 2015 година

Дваесет и втора седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 22. седница, одржана на 27 февруари 2015 година, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации - II читање;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина - II читање;
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности - II читање;
  4. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај - II читање;
  5. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта - II читање;
  6. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење - II читање;
  7. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законoт за просторно и урбанистичко планирање - II читање;
  8. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота - II читање;
  9. Предлог-законот за изменување на Законот за градежно земјиште - II читање;
  10. Предлог-законот за прогласување на локалитетот парк-шума Гази Баба за парк на природата - I читање, поднесен од пратениците: Олга Најденовска, Талат Џафери, Илија Димовски, Светлана Јакимовска и Александар Николоски.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше министерот за транспорт и врски, г. Миле Јанакиески.

- Во Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации вградени се два амандмани усвоени од матичното работно тело, Комисијата за транспорт, врски и екологија, како и од Законодавно-правната комисија, едниот поднесен од пратениците Лилјана Затуроска, Реџаиљ Исмаили и Благоја Деспотоски, а другиот од пратеникот Роза Топузова-Каревска. Шест амандмани не беа усвоени, а три беа повлечени. 

- Во Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина вградени се два амандмани усвоени од Комисијата за транспорт, врски и екологија и од Законодавно-правната комисија, поднесени од пратениците: Реџаил Исмаили, Лилјана Затуроска и Благоја Деспотоски.

- Претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по: Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности; Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање; Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота и по Предлогот на законот за изменување на Законот за градежно земјиште. Комисијата ги проследи истите на натамошна постапка во Собранието. 

- Во Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, вградени се 7 амандмани усвоени од Комисијата за транспорт, врски и екологија и од Законодавно-правната комисија, и тоа: четири амандмани поднесени од пратениците: Лилјана Затуроска, Реџаил Исмаили, Драган Данев, Славе Гошев, Благоја Деспотоски, Фатмир Имероски и Муса Ибраими; два амандмани од пратениците Ејуп Рустеми и Фатмир Имероски; како и еден амандман поднесен од пратениците: Лилјана Затуроска, Благоја Деспотоски, Фатмир Имероски, Реџаил Исмаили и Муса Ибраими.

- Врз основа на членот 149 став (2) од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за транспорт, врски и екологија по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта поднесе еден амандман од правно-технички карактер. Во претресот по амандманот учествуваше пратеникот Лилјана Затуроска. Комисијата со 6 гласа „за“ го усвои предложениот амандман, кој беше вграден во Дополнетиот предлог на закон. Комисијата го проследи Предлог-законот на натамошна постапка во Собранието. 

- Во Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење, вградени се три амандмани усвоени од Комисијата за транспорт, врски и екологија и од Законодавно-правната комисија, поднесени од пратениците: Лилјана Затуроска, Реџаил Исмаили, Фатмир Имероски и Благоја Деспотоски.

- Во образложението по Предлогот на законот за прогласување на локалитетот парк-шума Гази Баба за парк на природата, претставникот на предлагачите, пратеникот Олга Најденовска, ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот. Таа даде појаснување дека со овој Предлог-закон не станува збор за никакво одземање на имоти на граѓаните, туку дека се работи за карактеристичен пејзаж кој треба да се валоризира во интерес на граѓаните за почист воздух.

Комисијата за транспорт, врски и екологија едногласно го усвои следниот заклучок:           

  • Комисијата врз основа на член 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија констатира дека овој Предлог на закон е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.
Click