Активности

Среда, 30 септември 2015 година

Јавна расправа на тема: Годишен извештај за имплементација на Стратегијата за родова еднаквост за 2014 година    

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија вчера одржа јавна расправа на тема:„Годишен извештај за имплементација на Стратегијата за родова еднаквост за 2014 година.“ 

Јавната расправа со пригодно обраќање ја отвори претседателката на Комисијата, г-ѓа Даниела Рангелова. 

На темата свои излагања имаа: Ибрахим Ибрахими, заменик министер за труд и социјална политика на Република Македонија, Доминика Стојановска, раководителка на канцеларијата на Un Women во Скопје, Нермина Факовиќ, координаторка за еднакви можности на Министерството за здравство на Република Македонија, Сузана Арсова Костадинова, заменик раководител на Секторот за поддршка и развој на претприемништвото во Министерството за економија на Република Македонија и Надежда Узелац, претставник на Министерството за образование и наука.

Во дискусијата покрај членовите и замениците членови на Комисијата се вклучија и претставници на институциите како и претставници на НВО секторот од оваа област.

По дискусијата беа донесени следните заклучоци:

  1. Комисијата за еднакви можности на жените и мажите го прифаќа Годишниот извештај за имлементација на Стратегијата за родова еднаквост за 2014 година со сугестија да биде доставуван до почетокот на јуни;
  2. Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ги дава следниве забелешки и сугестии во однос на имплемeнтацијата на Стратегијата за родова еднаквост: 
  • да продолжи борбата на целото општество со стереотипите и предрасудите;
  • да продолжат активностите за понатамошно зголемување на учеството на жените во политиката;
  • да се зголемат средствата наменети за економско јакнење на жените;
  • да се зголемат средствата за информативната кампања во борба против семејното насилство;
  • да се зголемат средствата во буџетот кои се наменети за реализација на Стратегијата за родова еднаквост;
  • да се разгледа можноста да се активираат родовите студии.

 

Click