Активности

Петок, 19 декември 2014 година

Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство

Комисијата за култура, во рамките на Седмата седница, на 18 декември (вчера) одржа Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство.

На јавната расправа беа поканети претставници од сите Национални установи за заштита на културното наследство, музејската дејност и овластени субјекти за заштита на духовното културно наследство во Република Македонија, а во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура.

Претседателот на Комисијата за култура, Силвана Бонева, нагласи дека преку оваа јавна расправа Комисијата има намера да изврши увид во предложеното законско решение, да ги слушне мислењата од институциите и субјектите кои се директно вклучени во имплементацијата на овој закон, како и да обезбеди поголема транспарентност во работата на Собранието.

Во дискусијата по однос на Предлог-законот учествуваа: Јани Антониев од Националниот конзерваторски центар, Зоран Алтипармаков од НУ Завод и музеј Битола, Лазар Шуманов од ИКОМОС Македонија, Весела Честоева од НУ Археолошки музеј на Македонија, Зорица Јаковлеска Спировска од НУ Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје, Зоран Рујак од НУ Завод и музеј Струмица, Силвана Блажевска од НУ за управување со археолошкиот локалитет Стоби, Велика Стојкова Серафимовска од Институт за фолклор „Марко Цепенков“ Скопје, Анита Василкова Мидоска од Народен музеј Велес и пратеничката Роза Топузова Каревска.Од страна на учесниците беа искажани коментари и мислења по однос на предложениот закон, а во насока на допрецизирање на одредбите.

Врз основа на мислењата, предлозите и ставовите кои беа изнесени на јавната расправа, матичното работно тело - Комисијата за култура, ќе подготви Извештај кој ќе го достави до Собранието на Република Македонија.

Click