Активности

Сабота, 23 мај 2015 година, Тирана

Обраќање на претседателот Вељаноски на втората Пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Почитуван претседател,
Драги колеги,
Дами и господа,            

Во име на Собранието на Република Македонија и во мое лично име, би сакал да изразам благодарност до Собранието на Република Албанија и претседателот, г.Илир Мета, за успешниот парламентарен придонес на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, а особено за одличната организиција на оваа Пленарна сесија на Парламентарното собрание.            

Со задоволство можеме да констатираме дека Процесот за соработка во Југоисточна Европа веќеизрасна во автентичен глас на регионот и е прифатен како адекватен и динамичен форум за дијалог и соработка. Длабоко сум убеден дека Парламентарното собрание на Процесот претставува нов значаен исчекор во претворање на регионот во зона на мир, стабилност, солидарност и добрососедска соработка, во интерес на нашите граѓани и држави, како и на Европа во целина.            

Успехот на регионалната соработка директно зависи од реализацијата на низа регионални проекти, кои се веќе идентификувани од нашите влади и од регионалните и европски организации и институции. Сакам да ве потсетам на паневропските транспортни коридори, кои во нашиот дел на Европа одамна се зацртани, но сèуште се незавршени.            

Во рамките на нашата соработка, покрајмодернизирањето на инфраструктурата и меѓусебнототранспортно поврзување, пред нас е задачата и за реализирање на многубројни иницијативи и конкретни проекти со кои се придонесува за позначаен економски и социјален развој, како и за конкретизирање на евроатлантските процеси. Од големо значење се исоработката во областа на правдата и човековите права, безбедноста и борбата против тероризмот и организираниот криминал, соработката за заштита на животната средина и други прашања од заемен интерес.Улогата на нашите парламенти во овие процеси е да ги поддржуваат, поттикнуваат и контролираат заеднички усогласените активности.            

Треба да продолжиме постојано да работиме назајакнување на стабилноста на државите од овој регион,да постигнеме максимална демократизација и транспарентност на политичките институции преку спроведување на демократски модели, како и да продолжиме со спроведување на економски и други реформи во сите општествени сегменти. Усвојувањетона законодавството на Европската унија и неговотоимплементирање е потребно не само како критериум за членство во Европската унија, туку и за приближување на европските стандарди и вредности во насока на подобрување на животот на граѓаните.

Парламентите, како непосредни претставници награѓаните, ја имаат клучната улога да ги преточат европските принципи, стандарди и вредности во секојдневниот живот. Сакам да истакнам декаРепублика Македонија има направено голем исчекор во усвојувањето и имплементацијата на европските стандарди во бројни области, како и дека е подготвена и има капацитет за нивно целосно исполнување.            

Напредокот на нашите народи во услови на мир,безбедност, добрососедство и соработка е нашазаедничка определба. Имајќи во предвид дека сè уште не се отстранети опасностите за дестабилизација,доаѓаме до најважните прашања за еден регион - мироти стабилноста.            

За жал, неодамна во Република Македонија на трагичен начин се соочивме со овој факт, но спречивме натамошно ескалирање на тензиите. Со професионално изведена полициска акција се разби криминалнотерористичка група која имаше за цел да нанесе огромна штета на Република Македонија, а претставуваше опасност и за целиот регион. Овој немил настан уште повеќе ја нагласува потребата од поскорешна интеграција на нашиот регион во НАТО и Европската унија. Секако дека и моменталната политичка ситуација во Република Македонија придонесува за влошување на целокупната добросостојба на државата. Како што знаете, по завршувањето на парламентарните избори во Република Македонија минатата година, опозицијата реши да не учествува во работата на Собранието. Во меѓувреме, неколку пати и со помош на нашите европски пријатели повикавме на политички дијалог кој треба да се одвива во парламентот, односно во институциите. Во тек се преговори помеѓу двете страни со помош на посредници од Европскиот парламент и јас се надевам дека политичките лидери ќе дојдат до вистинското решение.

Уште еднаш би сакал да укажам дека статус-кво ситуацијата во евроатлантските интеграции, за нас и земјите од регионот создава фрустрации и нè правиранливи и подложни на обиди за дестабилизација. Во надминувањето на предизвиците со кои се соочуваме,потребна ни е и ја очекуваме регионалната солидарност, како и поддршката од меѓународната заедница.            

Ви благодарам на вниманието.​

Click