Активности

Понеделник, 30 мај 2016 година

Педесет и шеста седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на  Педесет и шестата седница, одржана на 25 мај 2016 година, како матично работно тело го разгледа Годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата во 2015 година.

Воведно образложение на Годишниот извештај даде претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата, г. Благој Чурлинов.

Тој истакна дека Годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата во 2015 година е изготвен согласно Законот за заштита на конкуренцијата  и содржи  детални информации за извршување на надлежностите од Законот за заштита на конкуренцијата и Законот за контрола на државната помош,  како и детални информации за материјално-финансиското работење на Комисијата за заштита на конкуренцијата. 

Меѓу другото, г. Чурлинов информира дека во текот на 2015 година Комисијата има донесено вкупно 68 решенија во управна постапка, од кои 42 решенија се однесуваат за контрола на концентрации, 1 решение се однесува на злоупотреба на доминантна позиција, 25 решенија се однесуваат на контрола на државната помош. 

Во претресот учествуваа пратениците: Марјанчо Николов, Крсто Мукоски, Стојко Пауновски, Лидија Димова и Васко Ковачевски.

Врз основа на расправата, Комисијата за економски прашања со шест гласа „за“ и три „против“ заклучи да му предложи на Собранието на Република Македонија да го усвои следниот Заклучок:

  1. Собранието на Република Македонија го разгледа Годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата во 2015 година;
  2. Овој заклучок заедно со Извештајот на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија да се достави до Владата на Република Македонија, Министерството за економија и Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Click