Активности

Вторник, 23 септември 2014 година

Петта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 5. седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

  • Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за нуспроизводи од животинско потекло; 
  • Предлогот на законот за заштита и благосостојба на животните;

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше, Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Претседавачот на Комисијата, Ромео Тренов, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за нуспроизводи од животинско потекло.

Додека по Предлогот на законот за заштита и благосостојба на животните беа поденесени вкупно 16 амандмани од овластените предлагачи,од кои 12 беа усвоени, а четири неусвоени.

Врз основа на членот 149 став (2) од Деловникот на Собранието, Комисијата, поднесе и усвои еден амандман. Амандманот е од номотехнички карактер.

Во претресот по амандманите учествуваа пратениците: Олга Најденовска, Љупчо Димовски, Лилјана Поповска, Шпреса Хадри и Ѓоко Камчев.

На крајот од расправата, Комисијата, ги проследи горенаведените Предлог - закони на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click