Активности

Вторник, 10 ноември 2015 година

Претседателот Вељаноски го прими извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2015 година

Евроамбасадорот г. Аиво Орав официјално го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2015 година на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски.

На примопредавањето на Извештајот беа поканети и присуствуваа и потпретседателите на Собранието на Република Македонија, координаторите на Пратеничките групи во Собранието и претседателите на Комисијата за европски прашања, Комисијата за надворешна политика, Националниот совет за евроинтеграции и Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-РМ.
Click