Активности

Вторник, 26 август 2014 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ НОВОИМЕНУВАНИОТ ВОНРЕДЕН И ОПОЛНОМОШТЕН АМБАСАДОР НА ДРЖАВАТА ИЗРАЕЛ ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО СЕДИШТЕ ВО ЕРУСАЛИМ      

Претседателот Вељаноски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Државата Израел за Република Македонија Н.Е. Дан Орјан, при што му посака добредојде и успешна работа.      

Амбасадорот Орјан изрази задоволство поради тоа што ја извршува првата своја функција како амбасадор токму во Република Македонија.           

Претседателот Вељаноски покрај честитките изрази и подготвеност за поддршка, притоа изразувајќи задоволство за неговата успешна посета на Израел во 2010 година каде што негов домаќин бил Н.Е Реувен Ривлин тогашен спикер на израелскиот Кнесет и сегашен Претседател на државата.           

Претседателот Вељаноски го потенцираше заложувањето за интензивирање на понатамошните контакти на ниво на средби на претседатели но и на ниво на парламентарни групи за соработка и пратеници, како и задоволството да се биде домаќин на претставници на Државата Израел. Амбасадорот Орјан се согласи и изрази желба за продлабочување на соработката помеѓу двете држави покрај државната и парламентарната и во областите кои се од заеднички интерес како образованието, енергетските извори и животната средина.           

Двајцата соговорници се согласија дека е увиден голем потенцијал за соработка како и дека двете држави имаат одличен пријателски однос за којшто постои желба истиот да продолжи и понатаму. 

Click