Активности

Среда, 14 јуни 2017 година

Прва седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 1. седница, како матично работно тело, во скратена постапка, го разгледа Предлогот на законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.
Претседателот на Комисијата, г. Љупчо Димовски, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.
Во дискусијата по Предлогот на законот учествуваа пратениците Димитар Стевананџија, Диме Велковски, Панчо Минов и Татјана Прентовиќ.
По расправата, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го проследи Предлогот на законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој (скратена постапка), на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.
Click