Активности

Петок, 5 февруари 2016 година

Работилница на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со посебни способности (ИППГ) и Парламентарниот институт 

Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со посебни способности (ИППГ) во соработка со Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија, во рамки на своите активности, вчера одржa едукативна работилница на тема „Местото и улогата на Собранието во системот на парламентарната демократија“. 

На работилницата беа поканети и учествуваа бројни организациите кои се занимаваат со заштита на правата и интересите на лицата со посебни способности.

Темата која се обработуваше на работилницата беше поврзана со Собранието и демократијата, како и остварувањето на правата и слободите на маргинализираните групи во Република Македонија.

Click