Активности

Понеделник, 23 ноември 2015 година, Прага

Работна посета на Парламентарниот институт на Чешкиот парламент

Делегација од Собранието на Република Македонија, во чиј состав се: потпретседателот г-ѓа Рената Дескоска и пратениците г. Сашо Василевски, г-ѓа Јасминка Дамчевска, г-ѓа Нора Алити, г. Талат Џафери и г-ѓа Јагода Шахпаска, како и службеници од повеќе сектори во Собранието, престојуваат во работна посета на Парламентарниот институт на Парламентот на Чешката Република. 

Посетата има за цел да се разменат искуства околу работењето на Парламентарниот институт на двата Парламента. Исто така, нашите пратеници ќе имаат работни средби со своите колеги од Чешкиот парламент.

Click