Активности

Вторник, 5 април 2016 година

Шеесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 64. седница, како матично работно тело, по скратена постапка, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за дополнување на Законот за јавните патишта;
  2. Предлог-законот за изменување на Законот за сигурност во железничкиот систем;
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај;
  4. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше министерот за транспорт и врски, г. Владо Мисајловски.

Претседателот на Комисијата, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани на Предлогот на законот за дополнување на Законот за јавните патишта и Предлогот на законот за изменување на Законот за сигурност во железничкиот систем. Комисијата ги проследи истите на натамошна постапка во Собранието. 

Во Дополнетите предлог-закони за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај и на Законот за градење, вградени се по два амандмани усвоени од Комисијата за транспорт, врски и екологија и од Законодавно-правната комисија.

Click