Активности

Понеделник, 22 септември 2014 година

Шестнаесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на денешната 16. седница, како матично работно тело, во второ читање ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за задолжителни нафтени резерви;
  2. Предлогот на закон за дополнување на Законот за продажба на становите во општествена сопственост;
  3. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост.

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија по Предлог - законите не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата за финансирање и буџет ги проследи Предлог-законите на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click