Активности

Среда, 28 септември 2016 година

Средба на Лидија Димова со евроамбасадорот Самуел Жбогар

Претседателката на Националниот советот за евроинтеграции, г-ѓа Лидија Димова, се сретна со г. Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на ЕУ во Република Македонија. 

Евроамбасадорот Жбогар се интересираше за работата на парламентот, за подготовките на претстојните предвремени парламентарни избори и за идната перспектива на Република Македонија. 

Исто така, евроамбасадорот беше заинтересиран за регионалната соработка на Собранието на Република Македонија и неговиот капацитет за да може да ги следи европските процеси.

Претседателката на Националниот советот за евроинтеграции, Лидија Димова истакна дека треба да се направи ревизија на Стратегијата на Југоисточна Европа 20/20 при што треба да се внесе и родовата димензија во неа.

Шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, г. Самуел Жбогар пројави интерес за работата на Клубот на парламентарки, при што беше информиран дека, за жал, не може да се надмине несогласувањето околу водството на ова тело од страна на владејачкото мнозинство.

На средбата се разговараше и за можноста што ја нуди ИПА 2 и за соодветно преструктуирање на Собранието за поуспешно искористување на европските средства. 

Click