Активности

Понеделник, 29 мај 2017 година

Средба на претседателот Џафери, со Н.Е. амбасадорот на Република Косово во Република Македонија, г. Илбер Хиса

Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери денеска го пречека амбасадорот на Република Косово, г. Илбер Хиса, при што разговараа за актуелните политички ситуации во Македонија и во Косово и за потребата за соработка меѓу двете земји.

Амбасадорот ја искористи можноста да му ја честита новата функција на претседателот  Џафери и уште еднаш потврди дека Република Косово ќе продолжи и понатаму да ѝдава институционална поддршка на Република Македонија.

Претседателот, г. Џафери, му се заблагодари на амбасадорот, г. Хиса, за неговата посета изразувајќи задоволство и подготвеност за натамошно продлабочување на заемната соработка.

Двајцата соговорници истакнаа дека пријателските односи меѓу двете соседни земји имаат позитивно влијание и се значајни фактори за економскиот развој и стабилноста во регионот. 

Click