Активности

Петок, 19 септември 2014 година

Средба на претседателот Вељаноски со г. Овен Џенкинс

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со директорот на Канцеларијата за надворешни прашања и прашања од Комонвелтот задолжен за Западен Балкан, г. Овен Џенкинс. На средбата присуствуваше и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, г. Чарлс Гарет.

Претседателот Вељаноски ја потенцираше аспирацијата на Република Македонија кон европските интеграции, притоа искажувајќи дека со интегрирањето на Западниот Балкан, Европа ја добива својата целосна слика.

Исто така беше потенцирана извонредната соработка со Амбасадата на Велика Британија, како и соработката со Вестминстер фондацијата, од што се произлезени одлични проекти.

Господинот Џенкинс искажа благодарност за остварената средба. Тој истакна дека Западниот Балкан е приоритет за Велика Британија за која активно се заложува.

На средбата беше разговарано за актуелните прашања, добрата соработка и пријателските односи за кои се прават заложби да продолжат во позитивна насока.

Click