Активности

Среда, 1 октомври 2014 година

Средба на претседателот Вељаноски со Изборна делегација на ИПС Програмата

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со Изборната делегација на ИПС Програмата за 2015 година на германскиот Бундестаг.

Изборната делегација годинава е составена од г. Штефан Шварце, пратеник во германскиот Бундестаг од редовите на Социјалдемократската партија на Германија; г-ѓа Саскиа Лојенберг, претставник од германкиот Бундестаг; д-р Штефан Карш од Хумболт Универзитетот во Берлин; Н.Е. Кристине Д. Алтхаузер, амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија и г-ѓа Хелга Тајпел, аташе за култура во Амбасадата.

Меѓународната парламентарна стипендија (ИПС) е традиционална активност на германскиот Бундестаг, кој заедно со Техничкиот универзитет, Слободниот универзитет и Универзитетот Хумболт во Берлин дава можности на млади луѓе од земјите од Југоисточна Европа одблизу да се запознаат со парламентарниот систем на Германија.

Програмата ИПС преку Собранието на Република Македонија се реализира од 2001 година. Досега дел од оваа Програма биле 40 учесници од Македонија. 

Изборната делегација за номинирање на учесниците на ИПС програмата за 2015 година, утре, 2 октомври, ќе ја изврши селекцијата на новите кандидати.

Од 2008 година селектираните кандидати пред да заминат во Бундестагот поминуваат програма за запознавање на Собранието на Република Македонија, преку која се среќаваат со вработените во собраниската служба, се запознаваат со работата на сите сектори, подетално ја учат законодавната постапка и функционирањето на законодавниот дом.

Click