Активности

Сабота, 23 мај 2015 година, Тирана

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Собранието на Република Косово, г. Кадри Весели

Во рамките на Втората пленарна сесија на Парламентарно собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Албанија, Тирана, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари билатерална средба со г. Кадри Весели, претседател на Собранието на Република Косово.

На средбата беше разговарано за актуелните состојби во двете земји, како и  за развојот на добрососедските односи и соработка во областите од взаем интерес.

Претседателот на Косовскиот парламент изрази благодарност за искажаната подршката во врска со вклучувањето на делегацијата од Приштина во активностите на Парламентарното Собрание на ПСЈИЕ, како рамноправна членка на Собранието.

Click