Активности

Вторник, 28 јули 2015 година 

Триесет и осма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија 

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 38. седница, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка;
  2. Предлог-законот за дополнување на Законoт за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, по скратена постапка;
  3. Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2014 година;
  4. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај - I читање. 

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше министерот за транспорт и врски, г. Владо Мисајловски, кој даде образложение по трите Предлог-закони. 

Претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по првите два Предлог-закони и Комисијата истите по скратена постапка ги проследи на натамошна постапка во Собранието. 

Во дискусијата по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, учествуваше пратеникот Стојан Миланов.

Во однос на Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2014 година, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, г. Горан Јандреоски, даде дообјаснување по забелешките содржани во Мислењето од Владата на Република Македонија.

Во дискусијата учествуваа пратениците Реџаиљ Исмаили и Лилјана Затуроска.

Комисијата со 7 гласа „за“ му предложи на Собранието да го усвои следниот Заклучок:

  1. Собранието го усвои Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2014 година;
  2. Овој заклучок заедно со извештајот на Комисијата за транспорт, врски и екологија да се достави до Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и Владата на Република Македонија.

Министерот Мисајловски во образложението по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај, ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по овој Предлог-закон, учествуваше пратеникот Благоја Деспотовски. 

Комисијата со 7 гласа „за“ го усвои следниот Заклучок:

  • Комисијата врз основа на член 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија констатира дека Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај - I читање, е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.
Click