Активности

Четврток, 27 август 2015 година

Триесет и втора седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 32. седница, како матично работно тело во скратена постапка ги разгледа:

  1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој;
  2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравство;
  3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште;
  4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за квалитет и безбедност на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата;
  5. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура;

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше, г. Михаил Цветков, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседавачот на Комисијата, г. Ромео Тренов, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлог-законите од страна на овластените предлагачи.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, без дискусија ги проследи горенаведените Предлог- закони на натамошна постапка во Собранието. 



Click