Активности

Четврток, 20 ноември 2014 година   

Втора седница на Комитетот за односи меѓу заедниците 

Комитетот за односи меѓу заедниците денеска ја одржа својата Втора седница, на која претседателот на Комитетот, г. Ејуп Рустеми, му упати честитки на г. Мите Костов за изборот за член на Комитетот од редот на заедницата на Власите.

На седницата беше усвоен Дневен ред за утврдување на агендата на активности на Комитетот за односи меѓу заедниците за 2015 година, со цел изготвување на квалитетна програма за работа на Комитетот за 2015 година. 

Присутните членови на Комитетот и заинтересирани пратеници активно учествуваа на седницата со предлози, мислења, сугестии и идеи за одделни теми кои Комитетот би ги разгледувал во текот на 2015 година.

Комитетот заклучи дека Програмата за работа нема да биде затворен и конечен акт на Комитетот, туку постојано ќе се дополнува со нови предлози или со седници предизвикани од актуелните случувања во државата. 

Click