Изјава на претседателот Вељаноски по повод распишување на п...

Вторник, 18 октомври 2016 година

Изјава на претседателот Вељаноски по повод распишување на предвремени парламентарни избори

Почитувани претставници на медиумите,
Дами и господа,
Дозволете да Ве известам дека во согласност со уставните и законските одредби, како претседател на Собранието на Република Македонија го потпишав решението за распишување на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 11 декември оваа година.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод Свеченото отва...

Понеделник, 10 октомври 2016 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод Свеченото отварање на Големата сала во Собранието на Република Македонија

Почитувани присутни,
Дами и господа,
После шест години, денес, конечно можеме со гордост да истакнеме дека најобемната и најсложената реконструкција, надградба и доградба на Собранието на Република Македонија е завршена!

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на Свечената академија ...

Понеделник, 10 октомври 2016 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Свечената академија по повод 11 Октомври

Чествувајќи го денешниот ден, како празник на нашата нација и држава, го одбележуваме делото на македонските партизани! Славејќи ја нивната пожртвуваност за слободна и независна Македонија, уште еднаш потврдуваме дека нашиот народ има сила да чекори напред!

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на отворањето на Есенск...

Петок, 30 септември 2016 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на отворањето на Есенската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Ми претставува големо задоволство денес да ви посакам добредојде во Скопје, главниот град на Република Македонија. Од донесувањето на одлуката за формирање, па до денешната есенска сесија на Парламентарното Собрание на ОБСЕ, изминати се дваесет и пет години. Период во кој Собранието на ОБСЕ со својата работа и ангажман се покажа како еден од основните столбови и значаен инструмент во остварувањето на темелните принципи врз кои е формиран ОБСЕ. Во овие 25 години Парламентарното Собрание го потврди значењето на парламентарната дипломатија во зачувувањето на мирот, стабилноста и соработката помеѓу 57 држави членки.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод одбележувањето...

Среда, 28 септември 2016 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на правото на пристап до информации од јавен карактер и 10-годишниот јубилеј од постоењето на Комисијата

На самиот почеток би сакал да ви го честитам вашиот јубилеј, односно десет години од формирањето на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а во исто време сите заедно да го одбележиме и Меѓународниот ден на правото на пристап до информации од јавен карактер.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на Европската конференц...

Петок, 16 септември 2016 година, Стразбур

Обраќање на претседателот Вељаноски на Европската конференција на претседатели на парламенти, на тема: „Националните парламенти и Советот на Европа: Заедничко промовирање на демократијата, човековите права и владеење на правото“

Од неговото основање на 5 мај 1949 година, Советот на Европа, исполнувајќи ги своите статутарни одредби, дејствува кон воспоставувањето, остварувањето, заштитата и развојот на човековите права и основните слободи, јакнењето на демократијата и создавањето на заедничките правни стандарди.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на Европската конференц...

Четврток, 15 септември 2016 година, Стразбур

Обраќање на претседателот Вељаноски на Европската конференција на претседатели на парламенти, на тема: „Миграциите и бегалската криза во Европа – улогата и одговорностите на парламентите“

Миграцијата како појава од цивилизациски аспект не е нешто ново за светот и за Европа, меѓутоа актуелната мигрантско-бегалска криза претставува феномен незабележан во поновата светска историја. Тоа што денес се случува претставува глобален проблем. Тоа што денес се случува претставува глобален проблем. Само да потсетам дека и на штотуку завршениот Самит на групата Г-20, бегалската криза со која се соочуваме е дефинирана како глобален проблем кој бара и соодветен пристап и решение. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на традиционалниот свеч...

Среда, 7 септември 2016 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на традиционалниот свечен прием по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

Во предвечерието на 25-годишнината од историскиот референдум за самостојност на Република Македонија, сакам да изразам голема благодарност до граѓаните на Република Македонија кои со консенсуалнo „ДА“ го остварија вековниот сон на многу генерации за самостојна и независна Република Македонија. 
Прочитај повеќе

Коментар на претседателот Вељаноски на тема „Придонесот на ...

Среда, 31 август 2016 година, Варшава

Коментар на претседателот Вељаноски на тема „Придонесот на Националните парламенти во мултилатералната соработка во Централна и Источна Европа“

„Фактот дека денес сме овде и расправаме на повеќе теми зборува за улогата, значењето и одговорноста на националните парламенти во развојот на билатералните односи, но се повеќе и во мултилатералните односи, како на ниво на регионалната соработка, така и на ниво на Европската унија и пошироко. Денес сите значајни меѓународни организации и асоцијации во својата структура вклучуваат и парламентарни собранија како значаен институционален сегмент во нивното работење.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски на Парламентарниот сост...

Среда, 31 август 2016 година, Варшава

Обраќање на претседателот Вељаноски на Парламентарниот состанок на земји од Централно-Источна Европа

Почитуван претседавач,
Почитувани колеги,
Дами и господа,

Каква Европа сакаме и која е иднината на ЕУ и интегративните процеси на државите аспиранти, се прашања кои посебно се актуелизираа по таканаречениот Брегзит, односно референдумот на кој граѓаните на Велика Британија се определија за излез од ЕУ.

Прочитај повеќе
123...6       
Click