Активности

Понеделник, 24 јули 2017 година

Учество на меѓународен состанок за Регионална безбедност и соработка

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, г. Максим Димитриевски и претседателот на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на министерството за внатрешни работи, управата за финансиска полиција, царинската управа и министерството за одбрана, г. Емил Димитриев учествуваа на меѓународниот состанок на тема „Регионална безбедност и соработка“, кој се одржа од 21 до 23 јули 2017 година во Цетиње, Црна Гора, а кој беше организиран од страна на Комисијата за одбрана и безбедност на Парламентот на Црна Гора. 

На состанокот присутни беа и членовите на Комисиите за одбрана и безбедност и шефовите на постојаните делегации во Парламентарното собрание на НАТО од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Словенија, и Србија.

Овој меѓународен состанок беше можност за учесниците да разменат искуства поврзани со регионалната безбедност и соработка, како и со актуелните безбедносни предизвици.

Од страна на делегациите на Комисииите за одбрана и безбедност од Парламентите на земјите кои учествуваа на настанот едногласно беше истакната поддршката за пристапувањето на Република Македонија во НАТО алијансата и полноправно членство во истата. Исто така, се потенцираше важноста и потребата од негувањето на политиката за добрососедските односи, целосната посветеност на регионалната соработка и спроведување на реформите во делот на одбраната и безбедноста.

Како заеднички заклучок од сите учесници на настанот беше констатирано дека кога се зборува за прашања поврзани со безбедноста и сигурноста, како држави треба да бидеме свесни дека ниту една земја не е доволно силна за да се справи сама со миграцијата, транснационалниот криминал и борбата против тероризмот. Поради тоа се укажува на потребата за тоа дека нивото на соработка помеѓу сите земји во регионот мора да продолжи и дека сите заедно треба да се стремиме за спроведување на мерки и иницијативите во насока на зајакнување на безбедноста и стабилноста во регионот.

На крајот, претставниците од Република Македонија ја истакнаа подготвеноста и желбата на Комисијата за одбрана и безбедност преку Собранието на Република Македонија да биде домаќин и организатор на следниот Меѓународен состанок на членовите на Комисиите за одбрана и безбедност и шефовите на постојаните делегации  во Парламентарното собрание на НАТО.

Click