Соопштенија

Четврток, 13 ноември 2014 година

Јавна расправа на тема: „Работна верзија на Предлогот на законот за општата управна постапка“

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на 12. седница ќе одржи Јавна расправа на тема: „Работна верзија на Предлогот на законот за општата управна постапка“.

Јавната расправа ќе се одржи на 17 ноември (понеделник) 2014 година, со почеток од 10.00 часот, во Сала на Уставна комисија во зградата на Собранието на Република Македонија.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, покани претставници од различни институции да учествуваат на расправата и да дадат свои мислења и ставови во врска со овој Предлог на закон во работна верзија.

Вашиот медиум е поканет да присуствува на расправата и да го покрие настанот.

За дополнителни информации, контактирајте го лицето Данчо Јаневски - раководител на одделение и тоа на фиксен телефон: +389 2 3182-409; мобилен телефон: +389 70 396-915; е-пошта: k-polsis@sobranie.mk.

Click