Соопштенија

Четврток, 9 март 2017 година

Положување свежо цвеќе

Собраниска делегација во состав: г-ѓа Весна Дамчевска Илиевска, г-ѓа Фросина Ременски и г. Чедомир Саздовски на 10 март (петок), по повод 74 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот на смртта - Треблинка, ќе положи свежо цвеќе:

10.00 часот - пред Споменикот на 7.144 македонски Евреи, Тутунски комбинат - Монопол;

11.30 часот - пред Споменикот на депортираните Евреи и пред Споменикот на паднатите борци во НОБ, Градски гробишта Бутел.