Соопштенија

Петок, 9 октомври 2015 година

Положување свежо цвеќе по повод државниот празник 11 Октомври 

По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, делегации на Собранието на Република Македонија, на 11.10.2015 година (сабота), ќе положат свежо цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово.

- Собраниска делегација во состав: г. Драган Данев, г-ѓа Владанка Авировиќ и г-ѓа Лидија Димова, ќе положи свежо цвеќе во Скопје

» 10.00 часот, гробишта Бутел: 

  • Партизанските гробишта;
  • Гробот на претседателот Борис Трајковски;
  • Гробот на генерал Михајло Апостолски;
  • Гробот на претседателот Киро Глигоров.

» 11.00 часот, Плоштад Македонија, на споменикот на Методија Андонов-Ченто;

» 11.30 часот, Парк „Жена борец“, на Споменикот на паднатите херои за Македонија.


- Собраниска делегација, во состав: г-ѓа Ане Лашкоска, Зоран Илиоски и г. Хари Локвенец, во 08.00 часот, во Прилеп, ќе положи свежо цвеќе на:

  • Могилата на непобедените и Алејата на народни херои;
  • Споменикот на Методија Андонов-Ченто;
  • Споменикот на Кузман Јосифовски-Питу.


- Собраниска делегација, во состав: г. Зоран Ѓорѓиевски, Иван Стоилковиќ и г. Љубиша Николиќ, во 11.00 часот, ќе положи свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.

Click