Соопштенија

Среда, 6 април 2016 година

Пратеникот Милошоски на конференција во Хаг

Претседателот на Комисијата за надворешни работи Антонио Милошоски, од 6 до 8 април 2016 година, ќе земе учество на Интерпарламентарната конференција за Заедничка надворешна и безбедносна политика во Хаг, Кралство Холандија. 

На овој настан учество ќе земат претседатели на Комисии за надворешни работи и одбрана на земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство во ЕУ. 

На конференцијата свое обраќање ќе имаат Високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика Фредерика Могерини и заменик генералниот секретар на НАТО за глобални и економски прашања, Кристијан Лефлер.

Click