Соопштенија

Четврток, 4 мај 2017 година

Претседателот на Собранието господин Талат Џафери во официјална посета на Брисел

На покана на високите преставници на Европската Унија и Европскиот парламент Претседателот на Собранието господин Талат Џафери денеска е во прва официјална посета на Европската Унија.

Според агендата претседателот Талат Џафери ќе се сретне со Комесарот за добрососедска политика и проширување, Јоханес Хан и Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, г-ѓа Федерика Могерини.

Исто така Претседателот на Собранието ќе оствари средба и со претседателот на Европскиот парламент г. Антонио Тајани  како и европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.

На средбите претседателот г.Талат Џафери уште еднаш ќе ја реафирмира нашата определеност за полноправно членство во Европската Унија, како и улогата на парламентот во тие процеси. Исто така претседателот Џафери ќе ги запознае своите соговорници со состојбите кај нас, со посебен акцент на продолжување на процесот на формирањето на новата влада како израз на парламентарното мнозинство, кое произлегува од волјата на граѓаните на Република Македонија изразена на парламентарните избори во декември минатата година.

Click