Соопштенија

Четврток, 16 јуни 2016 година

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Брисел

Во рамките на Програмата за поддршка на парламентите од земјите на Западен Балкан и Турција, во организација на Европскиот парламент, Комитетот за надворешни работи и Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на 20 и 21 јуни 2016 година во Брисел, Кралство Белгија, ќе се одржи Интерпарламентарна конференција на тема „Миграцијата и политиката за азил на ЕУ: Импликации за парламентите од земјите на проширувањето". 

На Семинарот ќе учествува делегација од Собранието на Република Македонија од Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во состав г. Владимир Ѓорчев претседател, г-ѓа Нада Ципушева заменик-претседател , Рафиз Аљити, член и г. Петре Шилегов, заменик-член. 

На претстојната Интерпарламентарена конференција се очекува учество на европратеници и членови на Комитетот за надворешни работи и Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи и тоа: г Оливер Одини, заменик-директор на Директоратот за миграција и внатрешни работи; г-ѓа Лаура Ферера член на Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи; г-ѓа Елиза Воземберг член на Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи; г-ѓа Сецилија Викстром член на Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи; г. Елмак Брок претседател на  Комитетот за надворешни работи; г. Фабрици Легери извршен директор на FRONTEX; г. Манолис Кафалогианис член на Комитетот за надворешни работи, г. Ангел Џамбаски член на Комитетот за надворешни работи, г-ѓа Ана Гомез член на Комитетот за надворешни работи, како  и учество на претставници од парламентите на земјите на Западен Балкан и Турција, со цел да ги споделат регионалните искуства и видувањата за идните предизвици во овој домен. 

Click